Милена Драгиќевиќ Шешиќ

редовен професор

Факултет за драмски уметности, Универзитет за уметности во Белград
Биографија

Др Милена Драгиќевиќ Шешиќректор на Универзитетот за уметности (2000-2004), е редовен професор по Менаџмент во културата и Теорија на масовни медиуми на Факултетот за драмски уметности во Белград. Раководител на UNESKO катедрата за културна политика и менаџмент на Универзитетот за уметности во Белград.

Член на Националниот совет за наука и технолошки развој.

Член на Сенатот на Универзитетот за уметности.

За својот придонес во развојот на образованието и културата добила високо признание од Министерството за образование и истражување на Република Франција Орден на Академски палми- Витез од командантски ред « Академски палми » (2003)

Голема златна плакета од Универзитетот за уметности Сретен Стојановиќ со повелба (2005)

Oд 1990-1996. година била Директор на Институтот за театар, филм, радио и телевизија на Факултетот за драмски уметности.

Oсновач на Трајната заедница »Знаци на културата« (1979-1988)

Oд 1978. дo денес вработена на Факултетот за драмски уметности во Белград.

1975-1976. година, работела во Детската редакција на Телевизија Нови Сад.

1978-1979. и 1979-1980, професор во Првата гимназија во Белград со третина работно време.

 

Претседател на Европското жири за доделување на награди на младиот истражувач во доменот на културната политика (Aмстердам).

Член на одборот на Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник.

Вонреден професор на бројни универзитети ширум светот: Европска диплома по културен менаџмент, Брисел (1990. дo денес), Магистерски студии по културен менаџмент на Московското училиште за економски и општествени науки (1999-2001), Европска програма за културен менаџмент во Дижон (1996-2000), Лион II 1998 до денес, University of Buffalo, 2006, University of Jyvaskyla, Finland 1999, 2008, итн.

Директор на Програмата на летното училиште на Централно европскиот универзитет во Будимпешта: Иновативна културна политика и културен менаџмент (1999-2000, 2007). Кодиректор на програмата Редефинирање на културните идентитети на Југоисточна Европа (со др Нада Швоб Ѓокиќ) во Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник, Република Хрватска (2000, 2001, 2002)

 

Oбразование

Факултетот за драмски уметности го завршила 1975. година (во тригодишен скратен рок).

Постдипломските студии ги завршила на Универзитетот во Париз VIII-Vincennes (Diplome d¸etudes approfondies, 1976/77) и Париз V Sorbonne (1977/78), магистерскиот труд го одбранила на Факултетот за драмски уметности во Белград 1981, a докторатот на Филолошкиот факултет во Белград 1990. година.

 

Публикации и референци

Публикации & референци, Книги, Најважните текстови во книги и списанија, Научно истражувачки трудови и проекти, Moнографии, Статии и поглавја во книги, Проекти во кои учествувала, Моментални проекти, Деталната библиографија можете да ја најдете тука.


  • Веб-страница: http://www.arts.bg.ac.rs
  • Канцеларија: Kosančićev venac 29, Belgrade, Serbia
  • Истражувачки интереси:
    менаџмент во културата, урбан и регионален културен развој, Интеркултурализам и културно паметење, културна политика, медијација, разновидност и плурализам во медиумите
Конзорциум