Душица Драгин
асистент
Биографија
МА Душица Драгин родена е во Зајечар 1974. година. Дипломирала и завршила мастер студии на Катедрата за аудио-визуелни медиуми, отсек Продукција на Академијата за уметности во Нови Сад. Во моментов е докторант на Факултетот за драмски уметности во Белград, отсек Менаџмент на уметноста и медиумите.
Еден е од основачите, продуцент и организатор на театарската трупа Балкан Нови покрет (Балкан Ново движење), со која учествувала на повеќе интернационални театарски фестивали (Единбург, Бутринти, Конверзано, Трабзон, Кишењев, Лондон, Каледонија и др.).
Од 2004. сопственик е на агенција за посредување во културата ОРГАНИЗАТОР, со која реализира голем број на културни програми и концерти со уметничка музика.
Од 2010. година е сосопственик и директор на продукциската куќа Филмска Работна Заедница Филмски Фронт. Работи како продуцент на реализација два проекти: долгометражниот авторски игран филм Апофенија (во фаза на постпродукција) и научно образовниот ТВ серијал Градски птици (се емитува на првата програма на РТС од 16. ноември 2012.)
Од 2011. година вработена е на Академијата за уметности во Нови Сад како асистент на Катедрата за аудио-визуелни медиуми, отсек Продукција.
- Емаил адреса: organizator@ptt.rs
- Канцеларија: Novi Sad, Serbia
-