Маријана Цветковиќ, мр

предавач

Универзитет на уметности во Белград
Биографија

Мр Маријана Цветковиќ дипломирала историја на уметност во Белград. Завршила постдипломски студии на менаџмент во културата и културна политка во Белград и Лион. Во моментов е докторант на Универзитетот на уметности во Белград (во областа музејски менаџмент).

Иницирала и реализирала разни програми и проекти во областа на културната политика, меѓународната и балканска соработка, современите танци, визуелните уметности и музеи.

Основач е на Станицата Сервис за современи танци и Nomad Dance Academy, балканска платформа за развој на современи танци и современи изведувачки уметности. Активист е на независната културна сцена во Белград и Србија.

Маријана Цветковиќ е предавач на Универзитетот на уметности во Белград (UNESKO катедрата за културна политика и менаџмент и MAIPR - Меѓународно истражување на изведувачките уметности).


  • Емаил адреса: marijana.cvetkovic@gmail.com
  • Канцеларија: Belgrade, Serbia
  • Истражувачки интереси:
    музејски менаџмент, менаџмент во културата, современи танци
Конзорциум