За нас

Регионалниот проект The Cultural Policy and Management Platform покренат е од страна на UNESCO катедрата за културна политика и менаџмент  при Универзитетот за уметност во Белград, во соработка со преку триесет институти, високообразовни установи и организации на граѓанското општество од Југоисточна Европа, со цел промовирање на  позитивните промени во глобалната реторика за културата и образованието во областа на културната политика и менаџментот, а во согласност со специфичните развојни потреби на регионот на Југоисточна Европа.

The Cultural Policy and Management Platform претставува единствена повеќејазична база на податоци на високообразовните институции, институти но и релевантни организации на граѓанското општество и мрежите, кои се занимаваат со истражување, образование и обука во областа на културната политика и менаџментот во Регионот.

Бидејќи Платформата е реализирана во соработка со најважните  високообразовни установи и организации на граѓанското општество во Регионот, таа има потенцијал да се занимава практично со сите важни општествени прашања – oд имплицитни политики до секојдневни културни пракси – дури и, да ги преведе во конкретни културни активности со практични резултати (во областа на културното наследство, литературата, визуелните и изведувачки уметности, истражувања, образование итн.).

 

Oсновни цели на Платформата се:
• да придонесе кон се поактуелната глобална дебата за природата на одржливиот културен развој, од перспектива на специфичните потреби на регионот на Југоисточна Европа;

• постоечките регионални и меѓународни ресурси да се користат стратешки со цел институционализација на механизмите за негување на капацитетите културните актери на Југоисточна Европа;

• воспоставување на регионален иновативен систем (производство, пренос и примена на знаење) во областа на културните активности;

• да ја промовира интердисциплинарната природа на културната политика и да понуди рамка за иновативен (интегративен) пристап кон развојот на хуманистичките, општествените и останатите науки ширум Југоисточна Европа;

• да го промовира значењето на етичкото и компетентното раководење во областа на културата;

• да се воспостави како клучен професионален ресурс за култура и развој во Југоисточна Европа.

 

Проектот The Cultural Policy and Management Platform поддржан е од страна на ERSTE Stiftung од Виена.

Календар на настани
03 / 2024
пон вто сре чет пет саб нед
26 27 28 29 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Конзорциум