Културна политика и менаџмент (интеркултурализам и медијација на Балканот)

Информации

Информации

Студиите Културна политика и менаџмент во културата (интеркултурализам и медијација на Балканот) претставуваат програма на специфични професионални насочувања во областа на менаџментот во културата и уметноста, културната политика, комуникации и медиуми.
Студиската програма, која се одвива на англиски и француски јазик, се стекна со меѓународна репутација и титула на UNESCO катедра. Со акредитацијата на францускиот универзитет Université Lyon 2 и поддршката од останатите универзитети, професионални организации и експерти од цела Европа, програмата привлекува студенти од балканските земји, но и студенти од Европа и од целиот свет.
Посебно внимание програмата посветува на прашањата и проблемите на комуникација и културната соработка меѓу балканските земји, како и идејата за културен плурализам.
Oвие студии се единствена можност за меѓусебно запознавање и поврзување на идните креатори на културната политика и менаџери на развојните проекти и културни / уметнички / медиумски институции и организации во земјите на Балканот. Нивната заедничка работа и соработката со професорите со меѓународно реноме создаваат исклучителни услови за постојано унапредување на наставната програма и процесот, како и за  значителна промоција и имплементација на принципите на културниот плурализам на Балканот.


Структура на студиската програма

Студиската програма се реализира во текот на една учебна година, те. два семестри како комбинација од теоретска и практична работа. Имајќи предвид дека целта на програмата е образование на идни професионалнци во областа на културната политика и менаџментот, професионалниот стаж е е од особена важност и истиот е задолжителен. Студиите се завршуваат со изработка и одбрана на  магистерскиот труд.
Наставата се изучува на англиски и француски (со консекутивен превод на англиски јазик). Студентите кои не говорат француски јазик имаат можност бесплатно да посетуваат курсеви по француски јазик.
По завршувањето на едногодишната студиска програма Културна политика и менаџмент студентот стекнува 60 поени ESPB и титула Мастер менаџер - култура и медиуми (од страна на Универзитетот на уметности во Белград) и Мастер 2 Développement de Projets Artistiques et Culturels Internationaux (од страна на Универзитетот Lion2).

НБ: Запишувањето на Универзитетот Лион 2 се плаќа дополнително (ц. 250 €).

ниво на студиите: мастер
начин на студирање: редовни студии
траење на студиите: година дена и.e. 2 семестри
почеток на учебната година: 1. oктомври 2016.
крај на учебната година: 30. септември 2017.

Школарина за домашни студенти: 190.000 RSD
Школарина за странски студенти: 2000 €

 

Можности за стипендирање: Стипендија Драган Клаиќ

Прилог:
Брошура на англиски јазик.
 

Календар на настани
07 / 2020
пон вто сре чет пет саб нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2
Конзорциум