Нина Обуљен Коржинек

истражувач

Институт за развој и меѓународни односи (ИРМО), Загреб
Биографија

Др Нина Обуљен Коржинек дипломирала виолина на Музичката академија на Универзитетот во Загреб и француски јазик и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб. Магистрирала 2004. година, а 2013. година докторирала на  научните постдипломски студии по компаративна политика на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Загреб бранејќи ја дисертацијата под наслов „ Промени во обемот на националната културна политика под влијание на меѓународните интеграциски процеси“.

Завршила Дипломатска академија на Министарството за надворешни работи, а се усовршувала на катедрата за докторски студии на Универзитетот Парис-Даупхин (Париз, Франција).

Вработена е како научен соработник во Институтот за развој и меѓународни односи каде се занимава со подрачјата на културните и медиумски политики, посебно во контекст на европските интеграции.

Објавила триесетина научни и стручни трудови во домашните и меѓународните списанија, изложувала на бројни конференции, и учествувала во разни проекти за UNESCO, UNDP, Советот на Европа, Европската културна фондација, Европскиот парламент и сл.

За истражувањето на влијанието на европските интеграции на културните политики на новите држави членки 2004. година ја освои годишната европска награда за истражување на културните политики, која ја доделуваат Европската културна фондација и The Bank of Sweden Tercentenary Foundation.

Oд 2006. дo 2011. година ја вршела должноста помошник на министер и државна секретарка во Министерството за култура на РХ каде била одговорна за областа на културата и медиумите.

Била координаторка за ЕУ во Министерството за култура на РХ и член на преговарачкиот тим за пристапување на Република Хрватска во ЕУ.

Во 2012. година избрана е за Претседател на Советот на ХРТ.

Добитничка е на високото признание на француската влада за култура – Орден витез на уметноста и литературата.


  • Емаил адреса: nina@irmo.hr
  • Канцеларија: Zagreb, Croatia
  • Истражувачки интереси:
    културна политика, културна дипломатија, културен диверзитет и културна соработка
Конзорциум