Сањин Драгојевиќ

доцент

Биографија

Др Сањин Драгојевиќ роден е во Загреб 1961. година, каде дипломирал Филозофија и компаративна книжевност 1986. година нa Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб.

Магистрирал информатички науки 1994. година, исто така, на Универзитетот во Загреб, каде и докторирал 2006. година во областа политички науки.

Сањин Драгојевиќ се стекна со звањето доцент 2007. година на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Загреб (http://www.fakultet.fpzg.hr), каде во моментов и предава.

Сањин Драгојевиќ e постојан гостин-предавач на Институтот за менаџмент и култура во Виена, на Институтот за истражувања во областа на културата во Кремс (Австрија), како и на универзитетот во Дубровник.

 

Како консултант за прашања во областа на културата, Сањин Драгојевиќ соработувал со Истарскиот округ, The moving Academy for Performing Arts (Амстердам, Холандија), Хрватската хуманитарна мрежа (Загреб), Стела филм (Загреб) и со многу други институции.

Многуте негови трудови објавени се во домашните и странски научни списанија.


  • Канцеларија: Zagreb, Croatia
Конзорциум