Срѓан Вукадиновиќ

редовен професор

Aкадемија за драмски уметности, Универзитет во Тузла
Биографија

Др Срѓан Вукадиновиќ дипломирал на 5 факултети, и тоа:

1) Факултет за драмски уметности во Белград  – Група за организација на сценски и културно – уметничких дејности;

2) Факултет за политички науки во Сараево, Отсек за политички науки;

3) Културолошки факултет на Цетиње – Отсек за конзервација и рестаурација.

4) Учителски факултет во Никшиќ – Отсек за ликовно воспитување.

5)  Учителски факултет (денес Филозофски факултет) во Никшиќ, Отсек за марксизам (денес социологија и филозофија).

Исто така, дипломирал и на Новинарската школа при Југословенскиот институт за новинарство во Белград.

Магистрирал на  Факултетот за политички науки во Белград, со труд од областа на политичките науки и наслов на темата “Трансформација на партискиот и политичкиот систем”.

Завршил и втора постдипломска студија од историја на културата – Отсек за театрологија на Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник, 1988.година.

Својата прва докторска дисертација Вукадиновиќ ја одбранил на  Филозофскиот факултет во Белград 1997. година, а насловот на дисертацијата гласи: »Стратификација на црногорското општество и квалитет на животот кон крајот на 80-те години на XX век«, со што се здоби со научен степен доктор на социолошки науки.

Втората докторска дисертација под наслов „Современиот национален театар во втората половина на XX век” Срѓан Вукадиновиќ ја одбрани на Факултетот за драмски уметности во Белград 2009. година, со што се здоби со научен степен доктор на наука за драмски уметности.

Директор е на Центарот за социјални истражувања во Подгорица (Црна Гора).

Директор е на Институтот за театрологија во Подгорица (Црна Гора).


  • Емаил адреса: srdjan.vukadinovic@untz.ba
  • Канцеларија: Tuzla, Bosnia and Herzegovina
  • Истражувачки интереси:
    општа социологија, социологија на уметноста
Конзорциум