Даниела Урем

Биографија

Даниела Урем дипломирала психологија на Pace University во Њујорк. Шеф на катедрата за култура на Универзитетот во Риека, која и ја основала 2012. година.

Таа е основач и уметнички директор на Doors Art Фондацијата (oд 2004.) по работата во музејот на програмата за државните стипендии за уметност.

Даниела Урем, во моментов работи на неколку платформи, на универзитетските проекти во врска со културниот развој и културната политика на Универзитетот во Риека и активно е вклучена во разните форми на меѓународната културна соработка.

Во својата работа ги промовира меѓукултурниот дијалог и размената на искуства, активно градејќи културна мрежа. Ја иницираше првата Life-Long Learning Програма во областа на културата на Универзитетот во Риека и иницијативата Квадрат со фокус на меѓународните програми, развојот на кариерата и развојот на публиката.
Редовно одржува предавања во областа на културниот менаџмент со фокус на развој на публиката.

Ја иницирала катедрата за култура на Универзитетот во Риека, Pixel Film, TV and New Media LLP и The International Dino Ciani Piano Masterclasses. 

Изработила дел од Стратегијата за култура на Универзитетот во Риека и од елаборатот за основање на Студентскиот културен центар на Универзитетот во Риека. 

Таа е програмски директор на unicult2020, LLP од културен менаџмент и културна политика при Универзитетот во Риека.


  • Канцеларија: Rijeka, Croatia
Конзорциум