Светлана Јовичиќ
асистент
Биографија
Мр Светлана Јовичиќ дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград 2001. година. Oд тогаш работи како асистент на истиот факултет на предметите Менаџмент во културата и Meдиуми на масовно комуницирање.
Својата магистерска теза ја одбранила, исто така, на Факултетот за драмски уметности, a студент е и на постдипломските студии од Комуникација и развој (постколонијализам, медиуми и култура) на Универзитетот во Малме.
Во моментов пишува докторска дисертација за културната политика со фокус на децата.
Како уредник и предавач учествувала во реализациа на бројни локални, регионални и меѓународни семинари и стручни и научни конференции од областа на културната и образовната политика. Во име на Европската културна фондација, управувала со проектот Cultural Policy Research Award (2004-2007) во рамките на кој се создаде и европскиот Форум на млади истражувачи на културната политика (сега под покровителство на ENCATC).
Светлана Јовичиќ е продуцент на документарни филмови и менаџер на разни проекти од областа на културата и медиумите.

- Канцеларија: Belgrade, Serbia