Андреј Сракар, Маг.

асистент

Економски факултет, Универзитет во Љубљана
Биографија

Андреј Сракар e асистент-докторант на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и претседател е на Асоцијацијата – најпознатата организација на невладиниот сектор за култура во Словенија.
Неговите главни истражувачки интереси ги опфаќаат областите културна економија, математичка економија, теорија на договори, јавни економии, макроекономија и културна политика.
Сракар е автор на првата словенечка монографија во областа на културната економија и тој е водечки организатор и иницијатор на разни проекти и настани во областа на културната економија во Словенија.
Добитник е на бројни награди и признанија и активно учествува во неколку истражувачки проекти во областа на културната економија.

Во моментов ја завршува својата докторска дисертација под менторство на проф. Мајкл Рухтон од Универзитетот Блумингтон во Индијана.
Во текот на 2011/2012 бил Фулбрајтов стипендист на Универзитетот Блумингтон во Индијана.
Учествувал и во неколку проекти во областа на културната политика во соработка со проф. Весна Чопич.


Конзорциум