Леа Линин, МА

PAC Multimedia, Скопје
Биографија

Леа Линин е млад истражувач и асистент на раководителот на проектот - PAC Multimedia, Скопје, каде спроведува истражување, како дел од регионалниот истражувачки проект под називот Проценка на културните политики и програми, кого го финансира ЕУ, како промотор на културната разновидност и интеркултурниот дијалог на Балканот / Југоисточна Европа (SEE). Таа е и асистент на раководителот на проектот Interethnic Integration in Education Project (IIEP).
 
Дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје 2009. година (англиски и германски), и на Универзитетот за уметности во Белград 2012. година -UNESCO катедра за културна политика и менаџмент - заедничка интердисциплинарна мастер студиска програма организирана во соработка со Универзитетот Лумиере Лион 2. Завршила и онлајн обука за наставници по англиски јазик 2011. година (British Council, Skopje) и онлајн обука Node – Center for Curatorial Studies, во Берлин 2012 година .


Конзорциум